Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, би можел да биде централна фигура на преодниот рок и тоа побрзо отколку што некој очекуваше. Кога пристигна од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити, Халанд потпиша договор до 2027 година, но со еден улов – Норвежанецот има ослободителна клаузула која варира од 100 до 200 милиони евра, во зависност од тоа од која лига доаѓа тимот што сака да го купи.
Барселона сака да ја искористи можноста и да се обиде да го донесе во Каталонија. Каталонците во последните неколку години имаа огромни проблеми од финансиска природа, но тоа не го спречи Деко, спортскиот директор на Барса, да започне преговори со преставниците на Халанд.
Наводно, претседателот на Барса, Жоан Лапорта, гледа во Норвежанецот како „потпис од соништата“, особено откако доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е речиси сигурно, а се споменува и потписот на Алфонсо Дејвис од Баерн.
Така, Рафаел Пимета и Максвел, претставниците на Халанд, биле снимени на средба со Деко, на која, како што пренесуваат шпанските медиуми, тема била потенцијалниот трансфер на Норвежанецот во редовите на каталонскиот гигант.