У-19: Македонија убедлива на втората контрола против БиХ!

629

Попладнево на теренот на ФФМ во Скопје, на втората контрола против БиХ, нашата млада селекција до 19. години успеа да слави со 2:0. Поведовме со голот на Каба Јакупи во 52.минута кога со еден полуволеј удар успеа да ја затресе мрежата на гостите. Во судиското продолжение избраниците на селекторот Тони Јакимовски постигнаа уште еден гол за конечни 2:0, стрелец беше Ливарека.

Со оваа победа Македонија и се реваншираше на БиХ со иста мерка за поразот од 0:2 пред два дена, кој исто така се одигра во Скопје.

Инаку овие две контролни средби беа своевидна “генералка“ за тоа што следува, а тоа се елитните квалификации за ЕП 2024 за У-19 кое ќе се одржи во јули во С. Ирска.

Да потсетиме дека од 20 до 26 март, У-19 Македонија во Скопје ќе се бори за пласман на ЕП и тоа против селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија во рамките на квалификациската група – 7.

ПретходноРоналдо суспендиран, ќе мора да плати и 7.200 евра!
СледноКаков тажен крај на кариерата: Погба суспендиран на четири години поради допинг!