Легендарниот Ариго Саки, некогашен тренер на Милан и Реал Мадрид, некогашен селектор на Италија, деновиве за медиумите во Италија ги анализираше настаните во Серија А и даде свој одговор за тоа зошто Интер е толку подобар од Јуве и Милан оваа сезона и што го прави да биде посебен во овој момент.
“Мааните се покриваат со моќни идеи. Имено Интер игра спектакуларен и модерен фудбал. Сепак не е во ред да се критикуваат Јуве и Милан зошто не можат да го следат овој Интер. Реално Интер нема којзнае каков индивидуален квалитет во однос на останатите гиганти, но Симоне Инзаги е паметен тренер и знае што треба да се направи во даден момент“ рече покрај другото легендарниот Саки.