Дешам: Добро го познавам Пол, тоа не го направил намерно!

245

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам изјави дека не верува оти Пол Погба намерно земал допинг.

„Во ниту еден момент не можам да замислам дека Пол имал намера и желба да допингува. Добро го познавам, знам дека тоа воопшто не е во неговата свест. Присуството на нелегален хормон е неспорно“, додаде францускиот тренер.

Играчот од средниот ред на француската репрезентација и на Јувентус во четвртокот беше суспендиран на четири години, откако вториот тест беше позитивен на забранетата супстанца тестостерон. Погба првпат беше суспендиран во септември, откако беше позитивен по победата на Јувентус со 3-0 над Удинезе на отворањето на сезоната во Серија А на 20 август.

Погба ја најави својата жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана.

„Тажен сум, шокиран и со скршено срце што ми е одземено се што изградив во мојата професионална играчка кариера. Како последица на најавената одлука ќе се жалам до Судот за спортска арбитража“, додаде тој.

ПретходноОбрадовиќ: Поради ова вреди да се родиш!
СледноСудии за ПМФЛ: Трпчевски ќе го суди дербито Шкендија – Вардар!