Една од главните ѕвезди на американскиот кошаркарски тим за годинашниве ЛОИ во Париз, Кевид Дурант, оптимистички најавува кошаркарска доминација над сите противници со кои американскиот „Дрим Тим“ ќе се сретне на оваа Олимпијада.
„Сите најдобри играчи ќе бидат таму и јас сум возбуден поради тоа. Го сакам тоа четврто злато, мислам дека ќе бидам единствениот со толку злата. Сакам да испратиме силна порака за сите да видат колку сме силни. Ќе ги победиме сите со по 40-50 поени разлика“, оптимист е Дурант.
САД го освоија златото на последните четири олимписки турнири.