И покрај тоа што Пеп Гвардиола веќе 12 години е надвор од Барселона, сепак неговото мислење и натаму е закон во каталонскиот гигант.
Па така како што известваат медиумите во Шпанија, првиот човек на Барса, Хоан Лапорта деновиве се консултирал со Пеп за тоа кој би можел да биде тренер на каталонската гордост, ако се знае дека Чави Ернандез по завршување на сезоната си оди.
Пеп веднаш имал спремен одговор и го посочил Роберто Де Зерби, Италијанецот на клупата на Брајтон, како идеално решение.
Инаку денеска информациите од Каталонија велат дека Барса почна почетни преговори со менаџерите на Ханзи Флик.
ФОТО: X.com