Обрадовиќ: Поради ова вреди да се родиш!

356

Кошаркарите на Партизан го совладаа Анадолу Ефес со 100:90 и се израмнија на десеттото место во Евролигата со Валенсија, а по натпреварот тренерот Жељко Обрадовиќ проговори за својата иднина и кариера. Откако по завршниот турнир од Купот Радивој Кораќ истакна дека ќе мора добро да размисли за следните потези, сега истакна дека неговите планови се јасни.

„Секако дека реков дека знам каква е мојата иднина. Не се гледам никаде освен во овој клуб. Или ќе бидам тука или нема да работам. Многу е лесно. Сега, ќе видиме како ќе биде ќе биде во иднина“, започна тој.Обрадовиќ.

Тој на оваа средба доби неверојатна поддршка од навивачите на Партизан, тие му порачаа дека местото му е на клупата на „црвно-белите“.

„Им благодарам за искажаната љубов, им благодарам за убавата вечер. Поради ова вреди да се родиш и да го доживееш ова. Дали размислував? Да. Навивачите се најважни, силата е во нив. Она што најважно е да се продолжи оваа традиција, поврзаноста со клубот. Срцето ми е полно кога ќе видам толку деца во оваа сала. Една работа е резултатот, една работа е да се биде дел од елитата како штое Евролига, но најважна работа е да еудцирате и правите нови навивачи. Тоа го знам по мене, после секој меч ме чекаат голем број на родители со нивните деца“.

ПретходноСара Ристовска: Нема простор за разочарување!
СледноДешам: Добро го познавам Пол, тоа не го направил намерно!