Вардар им се врати на победите (ФОТО)

306

По сосема неочекуваниот пораз во минатото коло на гостувањето кај Тиквеш, ракометарите на Вардар 1961 им се вратија на победите. Во денешниот меч од 4. коло во Суперлигата, „црвено-црните“ на домашен терен славеа против Струга со 29:20.

Кусо по израмнетиот почеток, Вардар успеа да направи разлика и да замине на одмор со предност од 16:8. Овие 8 гола беа сосема доволни за мирен тек на вториот дел во кој Вардар комплетно ја одржуваше разликата.

Мохамед Бахар беше најефикасен кај Вардар со 9 гола, додека кај гостите Бошњак постигна 10 погодоци.

ПретходноНекогашната сопруга на светски првак на аукција ги продала златниот медал и дресот од финалето во Катар! (ВИДЕО)
СледноИФАБ ретерира: Ништо од најавата за воведување син картон во фудбалот?