Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис наскоро ќе поднесе жалба за исклучување на Јувентус од претстојното Светско клупско првенство на ФИФА.
Во разговор за „Фајненшл тајмс“ Де Лаурентис изјави дека на Јуве не треба да му се дозволи да игра на Светското клупско првенство, бидејќи „бјанконерите“ не учествуваа во ниту едно европско натпреварување оваа сезона поради забраната поради финансиска манипулација.
Де Лаурентис нема да застане само на изјава за медиумите, туку веќе ангажирал адвокати кои работат на подготовка на официјална документација која ќе биде проследена до ФИФА како апел за исклучување на Јуве од Светското клупско првенство.
Постои можност Наполи да не игра на ова СП за клубови поради присуството на Јувентус.