Португалецот Жозе Пезеиро објави дека повеќе не е селектор на нигериската фудбалска репрезентација која ја предводеше до финалето на Купот на Африканските нации.
„Вчера го раскинавме договорот со НФФ (Фудбалската федерација на Нигерија)“, напиша Пезеиро на социјалната мрежа „Х“.
Поранешниот тренер на Спортинг стартуваше со пет порази во првите седум натпревари на клупата на Нигерија, но изгради одличен тим околу напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, и малку недостасуваше да го освои Африканскиот шампионат.