Леброн Џејмс на девет поени до историја (ВИДЕО)

294

Леброн Џејмс е веќе најдобриот стрелец на сите времиња во НБА-лигата, но сега кошаркарот на ЛА Лејкерс се најде на чекор до бројката од 40.000 поени. Оваа ново големо достигнување „Кралот“ веќе ќе може да го достигне на следниот меч на Лејкерси, а тоа е против Денвер на Никола Јокиќ.

До бројката од 39.991 поен, Леброн дојде во победата на Лејкерс над Вашингтон од 134-131 после продолжение. Тој запиша 27 поени и 9 скока. Прв стрелец беше Антони Дејвис со 38 поени и 12 скока.

Виктор Вембањама стана првиот во историјата на НБА со барем 25 поени, 10 скока, пет асистенции, пет блокади и пет погодени тројки на еден меч. Тој имаше 28 поени, 13 скока, 7 асистенции и пет „банани“ во изненадувачка победа на Сан Антонио над Оклахома сити од 132-118.

 

Резултати: Шарлот – Милвоки 99-111, Орландо – Јута 115-107, Бруклин – Алтанта 124-97, Њујорк – Голден Стејт 99-110, Сан Антониот 132-118, Феникс – Хјустон 110-105, Денвер – Мајами 103-97, ЛА Лејкерс – Вапингтон 134-131 (прод.).

ПретходноСе чини дека Чаби Алонсо го одбра новиот клуб, неговата слобода ќе чини до 25 милиони евра!
СледноТен Хаг: Фулам треба да му се извини на Бруно Фернандеш