Јакимовски прв стрелец во победата над тимот за кого игра синот на Леброн!

295

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон продолжија во победнички ритам во НЦАА-лигата. Тие ја запишаа деветата победа во последните десет натпревари откако го совладаа тимот на Јужна Калифорнија со 72-75, тим за кого настапува синот на Леброн Џејмс, Брони.

Јакимовски беше прв стрелец во редовите на својот тим со 18 поени, три скока и една блокада. Во игра мина 36 минути за кои постигна четири тројки, погоди две слободни фрлања и имаше четири поени од поле. Исто број на поени имаше неговиот соиграч, Ватс.

Вашингтон е на второто место на табелата во Пацифик 12, 22 победи и седум порази, се наоѓа зад Аризона која има меч помалку и еден пораз помалку.

ПретходноТен Хаг: Фулам треба да му се извини на Бруно Фернандеш
СледноЕХФ ја смести одбраната на Никола Митревски во Топ 5 (ВИДЕО)