Фудбалерите на Милан со голот на резервистот Окафор го совладаа тимот на Лацио во Рим со 1:0 во 27. коло од италијанската Серија А.
„Росонерите“ тешко стигнаа до триумфот во главниот град на Италија и дури откако ја искористија бројчаната предност на теренот по исклучувањето на Пелегрини дојдоа до гол за победа.
Нервозата достигна точка на вриење во фиишот, кога Лацио остана без Марушиќ и Гендузи, кои беа исклучени на крајот од натпреварот.
😍 NOAH OKAFOR YOU BEAUTY
— SempreMilan (@SempreMilanCom) March 1, 2024