Просинечки се избламира: Според него Крауч е пред Панчев и Шукер!

2798

Вчера во еден од српските портали, легендарниот Роберт Просинечки, сегашен селектор на Ц. Гора, во рубриката – мојот најдобар тим, се мисли на играчите со кои играл во кариерата, направи невиден гаф, па така сега сите му се смеат.

Имено познато е дека тој играше во Динамо, Ц. Звезда, Барселоа, Реал Мадрид, Овиедо, Портсмут и други клубови, како и во репрезентациите на екс – СФРЈ и Хрватска.

Играше со такви мега – ѕвезди, а прочитајте го неговиот најдобар тим составен од играчи со кои играл.

Ова е смешка, веројатно:

Руње (Стандарт), Парало (Овиедо), Јеро (Реал), Билиќ (Хрватска), Јарни (Хрватска), Рафа Паз (Севиља), Бобан (Хрватска), Роналдо (Барселона), Сушиќ (Југославија), Крауч (Портсмут), Савичевиќ (Ц. Звезда).

Тренер е Јохан Кројф.

Секако дека има место и за него, но смешката е во тоа што тој место Дарко Панчев, со кого играше во Ц. Звезда го ставил Питер Крауч, а секако дека тука има место и за Давор Шукер.

Неверојатен гаф или некоја суета.

Претходно„L’Equipe“ открива што направил Рамос за да Мбапе дојде во Реал
СледноСтартува јубилејната 75-та сезона во Формула 1: Верстапен и никој друг…