Рубљев дисквалификуван во Дубаи затоа што го пцуел судијата (ВИДЕО)

483

Казахстанскиот тенисер Александар Бублик се пласираше во финалето на АТП турнирот во Дубаи, откако Андреј Рубљев беше дисквалификуван. Наводно, Русинот го пцуел еден од линиските судии на мечот на руски јазик.

Рубљев и Бублик одиграа неизвесен натпревар, кој за жал не доживеа крај. Првиот сет го доби рускиот тенисер со 7:6, вториот Казахстанецот со ист резултат, додека во третиот беше 6:5 за Бублик кога мечот беше прекинат.

Рубљев вербално го нападна линискиот судија, кој потоа тврдеше дека играчот го навредувал.

Русинот залудно го уверувал главниот судија дека зборува на англиски и не употребува пцовки. Линискиот судија остана на својата верзија и петтиот тенисер во светот беше дисквалификуван.

ПретходноЕди Хау за малку ќе направел сообраќајка кога сфатил кој му е ривалот во ФА Купот!
СледноАриго Саки: Јуве и Милан не можат да го следат овој спектакуларен Интер!