Словенецот Ловро Кос победи на денешните ски-скокови во Лахти, Финска.
Словенечкиот репрезентативец со вториот триумф во кариерата им донесе голема радост на колегите во репрезентацијата, а успехот е уште поголем ако се знае дека Кос по првата серија беше само на петтата позиција.
24-годишниот Кос славеше со скокови од 127 и 134 метри. Втор заврши Германецот Андреас Велингер, а трет беше Јапонецот Рјоју Кобајаши.
Австриецот Штефан Крафт е лидер во генералниот поредок со 1.546 бодови, втор е Кобајаши со 1.337, а трет Велингер со 1.258 бодови.