Денеска со квалификациите а утре со трката на патеката “Шакир“ за ГН на Бахреин, ќе стартува јубилејната 75-та сезона во Формула 1.
Ова ќе виде вистински маратон со 24 трки, ќе трае точно 9 месеци и 12 дена.
И секако ќе биде најмалку неизвесен. Имено Ред Бул а пред се Макс Верстапен толку се доминантни што би требало оваа сезона да се “прескокне“, да му ја дадат титулата однапред, четврта по ред, на Супер Макс и сите да ја чекаме таа во 2025 кога Луис Хамилтон ќе вози за Ферари.
Секако дека на ова фановите на Ферари и Мерцедес нема да се сложат, но така е. Макс Верстапен уште пред да започне новата сезона е светски првак во Ф1.
Треба да се случи само некоја катаклизма за да се остварат овие најави.
А за тоа второ место ќе се бодат Серхио Перес од Ред Бул, потоа Леклер и Саинц од Ферари, како и Хамилтон и Расел од Мерцедес.
Некој ќе рече дека е неблагодарно е да се даваат вакви прогнози, но тоа е тоа.
Можеме на раат да уживаме во возењето на фантастичниот Верстапен кој секако дека ќе има свои мотиви како да собори уште некој рекорд.
Се останато ќе биде во втор план.