Столе Димитриевски и натаму е актуелна тема во Ла Лига. Барселона почна да прави планови за имињата на голот, а според МундоДепортиво добро сценарио е нашиот македонски репрезентативен голман, Столе Димитриевски чиј договор со Рајо завршува на 30 јуни.
„Неприкосновен стартер во Рајо, Димитриевски би бил интересна опција со нула трошоци и со докажано искуство во Ла Лига. Овие два фактори го прават изводлив кандидат за засилување на голот на Барса, која веќе долго време има многу добри извештаи за голманот. Во јануари 2022 година, Димитриевски беше една од алтернативите, но операцијата не се реализираше. Самиот Димитриевски следниот мај призна дека „се договорив со Барса, се беше подготвено и остана само да се потпише договорот““, се вели во текстот на овој медиум.
Од друга страна пак Димитриевски пред скоро време изјави дека својата кариера планира да ја заврши со Рајо.
„Мојата идеја отсекогаш беше да продолжам во Рајо многу години и да ја завршам кариерата тука. Разговараме и разговараме и се додека постигнеме договор ќе продолжам во Рајо. 90% е дека ќе продолжам во Рајо“, рече Димитриевски.
Но, дали ќе се предомисли, при нови преговори со Каталонците останува да видиме. Барса не се одбива – дефинитивно.