Струга е шансата за Вардар 1961 да се исправи по „ударот“ во Кавадарци

302

Четвртото коло во плеј-офот во Супер-лигата ќе стартува денеска со мечот меѓу Вардар 1961 и Струга. По двата порази во низа во битката за титулата, избраниците на Владо Недановски ќе бараат рехабилитација против стружани.

Вардар 1961 го нема посакуваат старт, покажа низа слабости на мечевите кои се важни за врвот на табелата. По Пелистер, кризата ја продлабочи Тиквеш, гостување на кое „црвено-црните“ не беа ниту своја бледа слика.

Пред дуелот со Струга, Вардар 1961 е петти во поредокот на табелата во плеј-офот, момент кој е несвојствен за овој тим.

Дербито на колото е во „Билјанини Извори“, таму во недела, ГРК Охрид го пречекува Алкалоид, единствениот тим кој е перфектен од стартот на сезоната, но и лидер на табелата.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈ ОФ/АУТ – КОЛО 4
01.03.2024 – ПЕТОК
18:15 часот РК ВАРДАР 1961 – РК СТРУГА
02.03.2024 – САБОТА
15:00 часот РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
17:00 часот РК СКОПЈЕ 2020 – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
18:00 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – МРК КУМАНОВО
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ТИКВЕШ 2014
18:00 часот РК ЕУРФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ПРОЛЕТ 62
03.03.2024 – НЕДЕЛА
18:30 часот ГРК ОХРИД – РК АЛКАЛОИД – пренос во живо на МРТ
ПретходноФевруари СУПЕР добитен за играчите на ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА им исплати на играчите неверојатни 70 милиони
СледноПо овациите се расплака кумот на Жељко Обрадовиќ (ВИДЕО)