Судии за ПМФЛ: Трпчевски ќе го суди дербито Шкендија – Вардар!

1387

Познати се судиите за мечевите од 21.коло во ПМФЛ кои се на програмата во недела со почеток од 14 часот. Јасно е дека најголемо внимание привлекува дуелот во Тетово, каде Шкендија го дочекува Вардар, овој дерби меч ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

Во Кратово ќе суди Александар Грујоски, додека на Арената во Скопје каде играат Работнички и Брегалница, “главен“ ќе биде Јован Качевски.

Двојки и судии за 21.коло – недела (03.03.2014 – 14 Ч)

Шкендија – Вардар: Стојанче Трпчевски (Кавадари)

Гостивар – Брера: Ндерим Тефику (Куманово)

Македонија ЃП – Воска: Кирил Смоквоски (Прилеп)

Силекс – Струга ТЛ: Александар Грујоски (Кичево)

Шкупи – Тиквеш: Александар Ставрев (Скопје)

Работнички – Брегалница: Јован Качевски (Струга)

ПретходноДешам: Добро го познавам Пол, тоа не го направил намерно!
СледноФевруари СУПЕР добитен за играчите на ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА им исплати на играчите неверојатни 70 милиони