„L’Equipe“ открива што направил Рамос за да Мбапе дојде во Реал

1468

Како што веќе сите знаат, Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и како што стојат работите овојпат тој нема да ја продолжи соработката со парижаните како пред две години.

Со недели на големо се пишува во шпанските и француските медиуми дека Мбапе одлучил кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, а наскоро се треба да се официјализира.

Челниците на ПСЖ се свесни дека овојпат нема спас за нив бидејќи Мбапе верува дека е подготвен за нов предизвик во кариерата, а сака да го исполни својот детски сон и да заигра во дресот на кралскиот клуб.

Сепак, она што изненади многумина е информацијата која утринава ја објави угледниот L’Equipe, кој тврди дека голема улога во одлуката на Мбапе да ја продолжи кариерата во дресот на Реал Мадрид имал и Серхио Рамос.

Рамос и Мбапе две сезони беа соиграчи во ПСЖ, а искусниот Шпанец иако замина во Севиља, останаа во контакт.

L’Equipe наведува дека Мбапе од Рамос „извлекувал“ информации за Реал Мадрид, а искусниот дефанзивец му објаснил зошто би бил најдобар потег за него да потпише за кралскиот клуб.

Но, она што најмногу изненади и покажа колку Рамос сè уште има љубов за Реал иако моментално игра за Севиља е фактот што тој им понуди на Мбапе и неговото семејство да останат во неговата куќа што ја поседува во Мадрид.

Рамос поседува неколку имоти во Мадрид, но наводно на Мбапе му ја понудил куќата во која живеел 15 години и рекол дека може да остане таму додека не најде соодветен дом.

ПретходноФФМ ги заврши активностите на Националната арена “Тодор Проески“!
СледноПросинечки се избламира: Според него Крауч е пред Панчев и Шукер!