Денес во Глазгов (Шкотска) започна Светското првенство во атлетика во сала кое ќе трае до 3 март (недела).
Андреас Трајковски е единствениот представник од Македонија на ова првенство. Андреас е еден од 16-те атлетичари кои ќе настапат во финалето во скок во далечина, кое на програмата е утре со почеток во 11 часот по Македонско време.
Македонскиот рекорд во сала во скок во далечина е во сопсттвеност на Андреас и изнесува 7.79 метри, поставен оваа година на Балканијадата во Истанбул кога го освои сребрениот медал. Неговиот рекорд и воедно Македонски рекорд на отворено изнесува 7.91 метар, поставен минатотот лето во Германија.