Италијански Сасуоло го назначи Давиде Балардини за главен тренер до крајот на сезоната, соопштија од клубот.
Балардини го замени привремениот шеф Емилијано Бигица, кој го предводеше Сасуоло на мечот со Наполи, кој го загубија со 6:1.
Бигица ја презеде функцијата во неделата кога Алесио Диониси беше отпуштен по серија од шест натпревари без победа што го стави Сасуоло во зоната за испаѓање.
Балардини (60) беше тренер на Каљари, Палермо, Лацио, Џенова и Болоња во Серија А. Неодамна беше на чело на Кремонезе, но беше отпуштен во септември.