Од таборот на Њукасл не кријат дека не се воопшто задоволни од ждрепката за 1/4 финалето во ФА Купот. Дека не им сеедно што мора да играат против Манчестер Сити тоа не го крие и самиот менаџер Еди Хау.
“Искрен да бидам воопшто не сакав да ни се падне Манчестер Сити. За време на ждрепката јас возев, и кога сфатив кој ни е противникот за малку ќе излетав од патот.Сметам дека никој не сака да игра против Сити. Од друга страна ако сакаш да го освоиш пехарот тогаш ќе мораш да бидеш подобар од тој тим, без разлика дали тоа е во 1/4 финалето или во финалето“ изјави менаџерот на Њукасл.