Фудбалерите на Фрајбург успеаја да извлечат реми 2:2 на домашен терен против Баерн во 24. коло од германската Бундеслига.
Баварците доживеаја нов кикс кој може дополнително да ги оддалечи од шампионската трка со Леверкузен. Домашните поведоа веќе во 12. минута со голот на Гунтер, а во 35. минута, Баерн израмни преку Матис Тел.
Баерн успеа да направи целосен пресврт со голот на Мусиала во 79. минута, но домашните не се предадоа и успеаја преку Оле да израмнат ана 2:2 во последните минути од мечот.