Стартува јубилејната 75-та сезона во Формула 1: Верстапен и никој друг…

132

Денеска со квалификациите а утре со трката на патеката “Шакир“ за ГН на Бахреин, ќе стартува јубилејната 75-та сезона во Формула 1.

Ова ќе виде вистински маратон со 24 трки, ќе трае точно 9 месеци и 12 дена.

И секако ќе биде најмалку неизвесен. Имено Ред Бул а пред се Макс Верстапен толку се доминантни што би требало оваа сезона да се “прескокне“, да му ја дадат титулата однапред, четврта по ред, на Супер Макс и сите да ја чекаме таа во 2025 кога Луис Хамилтон ќе вози за Ферари.Image

Секако дека на ова фановите на Ферари и Мерцедес нема да се сложат, но така е. Макс Верстапен уште пред да започне новата сезона е светски првак во Ф1.

Треба да се случи само некоја катаклизма за да се остварат овие најави.

А за тоа второ место ќе се бодат Серхио Перес од Ред Бул, потоа Леклер и Саинц од Ферари, како и Хамилтон и Расел од Мерцедес.

Некој ќе рече дека е неблагодарно е да се даваат вакви прогнози, но тоа е тоа.

Можеме на раат да уживаме во возењето на фантастичниот Верстапен кој секако дека ќе има свои мотиви како да собори уште некој рекорд.

Се останато ќе биде во втор план.

ПретходноПросинечки се избламира: Според него Крауч е пред Панчев и Шукер!
СледноСлавниот холандски фудбалер уапсен во Дубаи, следува екстрадиција!