Ф1: Супер Макс до пол-позиција во Бахреин! (ФОТО)

116

Зарем некој се сомневаше? Уште на првиот Ф1 викенд светскиот првак покажа сила. Макс Верстапен беше убедлив на попладневниот квалификациски циклус за ГН на Бахреин и ја освои пол-позицијата на патеката “Шакир“. Ова е негов 34 пол во кариерата.Image

Ова значи дека Супер Макс со моќниот болид на Ред Бул утре од 16 часот, кога закажана трката, ќе стартува од првата позиција.

На второто место се најде Шарл Леклер на Ферари, додека од третата позиција ќе стартува Џорџ Расел на Мерцедес.

Луис Хамилтон квалификациите ги заврши на 9.место, што секако е разочарувачки за него. Image

ПретходноЛапорта се консултирал со Пеп за тоа кој да биде тренер на Барса, овој веднаш посочил едно име!
СледноЕди Хау за малку ќе направел сообраќајка кога сфатил кој му е ривалот во ФА Купот!