Не можеше без скандал – судијата свирна крај при центаршут по кој Белингем погоди за победа

1618

Мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид заврши скандалозно. Валенсија водеше со 2:0, но Реал со головите на Винисиус стигна до реми. Меѓутоа остана да се зборува за моментот во 97 минута кога Модриќ изведе корнер, топката беше исфрлена но акцијата продолжи, а потоа топката беше уфрлена во шеснаесетникот на Валенсија и во мешаницата Белингем погоди.
Сепак судијата Жил Манцано го поништи голот со објаснување дека пред да биде нафрлена топката свирнал крај. Белингем збесна, а судијата му покажа црвен картон. Попусто се бунеа играчите на Реал, судијата си остана на своето и го означи крајот со резултат 2:2.

Претходно„Кралевите“ cо голови на Винисиус стигнаа до бод во Валенсија, неславен финиш на мечот
Следно65. “црвено – црно “дерби: Под Шара ќе “ГОРИ“…Шкендија VS Вардар!