Баерн (М) го продолжи договорот со Ерик Даер

99

Баерн Минхен официјално објави дека договорот на дефанзивецот Ерик Даер автоматски е продолжен до летото 2025 година. 30-годишниот Англичанец имаше клаузула во договорот со која по одреден број натпревари може да го продолжи престојот во Минхен.

Даер оваа зима се пресели на „Алијанц Арена“ од Тотенхем на позајмица до крајот на сезоната.

„Договорот со Ерик е продолжен поради клаузула во него. Тој е битен за нашата одбрана поради неговото искуство“, изјави директорот Макс Еберле.

Англичанецот има 7 настапи за Баерн, од кои на пет беше стартер.

ПретходноТФТ убедлив против Пелистер (ФОТО)
СледноСаудиска Арабија засега нема да биде домаќин на СП