Баскет Кам убедливо до Куп-финале

104

Баскет Кам е првиот финалист на Купот на Македонија “Благоја Георгиевски Буштур”. Тимот од Македонска Каменица во првото полуфинале беше подобар од Крива Паланка со 90-70.

Домова имаше 19 поени, по 17 запишаа Кметовска и Поп Димитровски. Избраничките на Жаклина Стојановска мечот го решија по само едно полувреме. Главниот чекор го направија во првата четвртина која ја добија со 30-11.

На другата страна противникот успеа да ја поправи играта, беше подобар СП 20-28, но тоа не беше доволно целосно да се стопи негативата, на одморот резултатот беше 50-39. Крива Паланка одигра добро и во третата четвртина 9-15, но следеше фуриозен финиш на Баскет Кам.

ПретходноБундеслига: Борусија (Д), конечно, победи, Елмас и Лајпциг славеа кај Бохум
СледноКожув по седум меча, конечно, победи