Бехрами победничка на супервелеслаломот во Квитфјел

100

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами е победничка на супервелеслаломот кој денеска се возеше во Квитфјел, Норвешка.

Швајцарката славеше пред двете Австријки, Корнелија Хитер која заостана 12 стотинки и Мирјам Пухнер, која беше само една стотинка побавна од својата сонародничка.

Во Квитфјел требаше да се вози спуст, но поради лошите временски услови, слабата видливост и новите снежни врнежи не можеа да се одржат тренинзи, па спустот беше откажан. Според правилата на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), спустот не може да се одржи доколку скијачите (и скијачките) немале можност да ја поминат патеката барем на еден тренинг.

Затоа, претставниците и организаторите на ФИС одлучија трките во Супер Џи да се одржат во сабота и недела. Трките во Квитфјел се последните брзински трки пред крајот на Светското првенство во Залбах, Австрија, кое е на календарот од 16 до 24 март.

ПретходноПобеда со горчлив „вкус“, Расел Вестбрук ја скрши раката (ВИДЕО)
СледноТрајковски заврши на 12. место во скок во далечина на СП во Глазгов