Бундеслига: Борусија (Д), конечно, победи, Елмас и Лајпциг славеа кај Бохум

199

Фудбалерите на Борусија (Д) по два меча „пост“, конечно, успеаја да слават овој пат на гостувањето кај Унион Берлин во меч од 24. коло на Бундеслигата. „Милионерите“ победија со 2:0 на гостувањето во Берлин со головите на Адејеми и Мадсен, по еден во двете полувремиња. Со овој триумф, Борусија (Д) остана на 4. место на табелата, затоа што денеска славеше и нивниот голем конкурент за оваа позиција, екипата на Лајпциг.

„Биковите“ денеска заминаа со убедлива победа од гостувањето кај Бохум. Лајпциг на крајот славеше со 4:1, а нашиот Елиф Елмас почна од клупата, па доби шанса да заигра во 65. минута од средбата.

Ајнтрахт (Ф) со 2:1 победи како гостин кај Хајденхајм, додека Аугсбург го прегази Дармштад и тоа на гсти со 6:0. Мајнц и Борусија (М) ремизираа 1:1.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноВо пресрет на утрешното дерби: Вардар 6,5 години нема победа над Шкендија!
СледноБаскет Кам убедливо до Куп-финале