Расел Вестбрук ја скрши левата рака за време на првото полувреме на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Вашингтон Визардс, потврди НБА. Вестбрук го напушти теренот по одбранбената акција на Џордан Пул во втората четвртина од натпреварот во која Клиперси победија со 140:115.
Вестбрук ги играше сите натпревари оваа сезона за Клиперс, на кои им се приклучи минатата година од меѓуградските ривали Лејкерси. По доаѓањето на Џејмс Харден во клубот, тој ја доби улогата на играч кој помага од клупата, а тоа го прави со просек од 11,1 поен, 5,2 скока и 4,5 асистенции за 23 минути по натпревар.
Not even a grimace to spot on Russell Westbrook face after he broke his hand
Iron man 😤 pic.twitter.com/ilppoh20mn
— Beastbrook (@Beastbr00k0) March 2, 2024
Ветеранот, кој беше избран како четврти пик на драфтот во 2008 година, играше и за Оклахома Сити Тандер, Хјустон Рокетс и Вашингтон Визардс. За четири сезони играше со трипл-дабл просеци, а низ речиси 1100 натпревари од основниот дел од лигата имаше просек од 22,4 поени, 7,3 скока и 8,4 асистенции.