ВМФЛ: Беса и Пелистер во атак на нови бодови, Детонит има тешко гостување

598

 

Попладнево од 14 часот ќе се одиграат сите осум средби од 18.коло во ВМФЛ. Водечките на табелата, екипите на Беса и Пелистер нема да имаат којзнае каква тешка задача. Лидерот игра дома со Новаци додека битолчанија пречекуваат Саса, која убедливо е последна на табелата. И затоа се очекува и Беса и Пелистер да впишат нови бодови на своето конто.

Детонит го чека тешко гостување и тоа кај Арсими, тим кој што на првите два меча оваа пролет дојде до две победи.

На останатите средби се очекува интересна битка, Охрид игра дома со Победа, Башкими се среќава со Осогово, Тетекс посакува бодови против Беласица, во Неготино домашниот состав на Вардар игра со Караорман и на Автокоманда тимот на Скопје е домаќин против Кожув.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Охрид – Победа

Башкими – Осогово

Тетекс – Беласица

Беса – Новаци

Пелистер – Саса

Арсими – Детонит

Скопје – Кожув

Вардар (Н) – Караорман

ТАБЕЛА

Беса 44, Пелистер 39, Детонит 38, Арсими 29, Охрид 24, Вардар (Н) 24, Скопје 24, Башкими 24, Кожув 23, Новаци 22, Беласица 21, Тетекс 19, Победа 16, Осогово 15, Караорман 15, Саса 8 бодови

ПретходноРакометарките заминаа за Шпанија, Грчевски без две искусни имиња на реваншот!
СледноТен Хаг на излезната врата, Јунајтед почнал преговори со новиот менаџер