ВМФЛ: Беса и Пелистер си газат, Детонит со пораз

1003

 

Попладнево се одиграа сите осум средби од 18.коло во ВМФЛ. Лидерот Беса како домаќин без проблеми освои нови три бода со победата над Новаци со 2:0. Стрелци на головите беа Таипи и Емини.

Со истиот резултат Пелистер успеа да слави над Саса, стрелци на головите во Битола беа Б. Љамчевски и Талевски. Детонит полека го губи здивот, пораз денеска кај Арсими со 2:1. Сега Арсими му дојде на Детонит на само шест бода во битката за третото место кое води во баражот за пласман во ПМФЛ.

Беласица како гостин славеше кај Тетекс со 1:2, додека Башкими освои големи три бода против Осогово и тоа со 2:1. Охрид минимално со 1:0 ја совлада Победа.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 18.КОЛО

Арсими – Детонит 2:1

Башкими – Осогово 2:1

Беса –Новаци 2:0

Скопје – Кожув 0:0

Охрид – Победа 1:0

Пелистер – Саса 2:0

Тетекс – Беласица 1:2

Вардар (Н) – Карорман 2:0

ТАБЕЛА

Беса 47, Пелистер 42, Детонит 38, Арсими 32, Охрид 27, Вардар (Н) 27, Башкими 27, Скопје 25…

ПретходноХорор-повреда во Ла Лига: Со отворен ѓон го удри во глава својот соиграч (ВИДЕО)
СледноМулти Есенс им се врати на победите