Во Баер му објасниле на Алонсо што ќе се случи ако го избере Ливерпул, а што ако е Баерн

2301

Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо е вистинско откритие оваа сезона бидејќи прави одлични работи со Баер Леверкузен поради што интерес за него покажаа неколку европски гиганти.

Во Леверкузен се надеваат дека Алонсо ќе остане тренер и следната сезона, но му кажале што ќе прават доколку дојде понуда која не може да ја одбие.

Сепак, она што не им оди во прилог е фактот што Ливерпул сериозно покажа интерес за Алонсо, а токму „црвените“ се најдоа на списокот на клубови кои тој сака да ги тренира во кариерата.

Во Леверкузен се свесни за односот меѓу Алонсо и Ливерпул, а иако е договорно врзан за нивниот клуб, му ветиле што би направиле доколку дојде понуда од Енфилд која Шпанецот не може да ја одбие.

Наводно, челниците на Баер му ветиле дека нема да направат проблем и дека ќе се согласат на спогодбен прекин на соработката доколку Алонсо реши да замине во Ливерпул бидејќи се свесни дека тоа е негова голема желба.

Сепак, ако се договори со Баерн, тогаш нема да бидат толку спремни бидејќи е директен ривал. Тогаш Баварците ќе треба да платат отштета меѓу 15 и 25 милиони евра доколку сакаат Алонсо да биде ослободен од договорот.

ПретходноТен Хаг на излезната врата, Јунајтед почнал преговори со новиот менаџер
СледноПрволигашите се враќаат, АБА 2 пресметка во „Кале“!