Кожув по седум меча, конечно, победи

107

Кошаркарите на Кожув по 7 меча без победа, конечно, денеска и се израдуваа на само четвртата сезонска победа во домашниот шампионат. Гевгеличани беа подобри од Вардар на гостувањето во Скопје, славејќи со 78:92.

Вардар одлично го отвори мечот и имаше егал прва четвртина која ја доби со 22:21. Неизвесноста и израмнетата битка продолжи и во вториот период, кој гостите го добија со два поени разлика за на пауза да заминат со 41:42.

Неизвесна битка се водеше и во третиот период, за во последните 10 минути тимот на Вардар да направи неверојатен пад и да дозволи Кожув лесно и убедливо да го добие мечот.

Пен и Марковиќ постигнаа по 20 поени за гевгеличани, додека кај Вардар 22 поени зад името на Наков.

ПретходноБаскет Кам убедливо до Куп-финале
СледноСе по старо: Верстапен ја почна сезоната со убедлив триумф