Кожув со важна победа, Охрид го изненади Еуро Никел, Чаир убедливо со Гостивар

89

Дефинитивно интересна сабота во Првата лига. Паузата поради репрезентативниот настап се чини им дојде одлично на сите тимови.

Екипата од Гевгелија во последната четвртина го скрши отпорот на Вардар, на крајот и убедливи (92:78). На стартот од последниот период од играта, резултатот беше (63:65). Но, со одлична одбрана во последната четвртина и сигурен напад, Кожув дојде до победата. Последната четвртина ја добија со двоцифрен плус (27:15), за конечна победа, во која новаците Пен и Марковиќ со по 20 поени беа најдобрите поединци, додека Вујадиновиќ и Милер постигнаа по 15 поени. Караколев мечот го заврши со 14 поени. Кај Вардар се издвои Наков, малдинскиот репрезентативец стрелаше за 22. поени.

Охрид дојде до изненадувачка победа против Еуро Никел, го совлада 77-71 на домашен терен. За дебитантот во прволигашкото друштво ова беше само четврта победа оваа сезона. Димовски со 19 поени и седум скокови беше најдобар кај Охрид, додека Дубински постигна 19 поени за Еуро Никел.

Чаир пак славеше убедлива победа против Гостивар од 89-78. Какруки постигна 20 поени, додека Роби додаде 16 во редовите на домашниот тим. На другата страна Вилијамс имаше 36 и Инграм со 20 поени.

ПретходноДиме Димов прогласен за играч на натпревар во бугарската Прва лига
СледноНапаѓач на Реал го менува државјанството и ќе игра за африканска репрезентација