Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид освои бод на гостувањето кај Валенсија со тоа што одигра 2:2 во меч од 27.коло. Валенсија во период од три минути, поточно од 27 до 30 минута даде два гола преку Дуро и Јаремчук.
Резултатот го намали Винисиус во судиското продолжение од првото полувреме. Во 76 минута на асистенција на нововлезениот Брахим Диаз, Винисиус го реализира голот за изедначување и бод од „Местаља“.
Во финишот на мечот се случи скандал. Судијата Жил Манцано свирна крај во моменти кога топката леташе и потоа Белингем погоди за победа Реал (повеќе прочитајте на линкот подоле). Настана мешаница по која Англичанецот го опцу судијата, а овој му покажа црвен картон.
Реал е лидер со 66 бода, седум повеќе од второпласираната Џирона која има меч помалку (утре и гостува на Мајорка). Валенсија е на деветтото место со 37 бода.
Не можеше без скандал – судијата свирна крај при центаршут по кој Белингем погоди за победа