Лутон пружи силен отпор, но Астон Вила ги однесе бодовите

75

Астон Вила ја запиша третата победа по ред во Премиер лигата откако славеше на гости кај Лутон со 2:3 во меч од 27.коло на Премиер лигата. Бирмингемци дојдоа во предност од 0:2 со головите на Оли Воткинс во првото полувреме.
Од 66 до 72 минута домашните го изедначија резултатот со голови на Чонг и Морис поради што Астон Вила мораше да прави големи рокади во финишот на мечот. Унаи Емери направи четири измени во 79 минута, а во финишот преку Лукас Дињ дојдоа до победата.
Астон Вила е на четвртото место со 55 бода, пет повеќе од петтопласираниот Тотенхем.

Воткинс ја игра најдобрата сезона во Премиер лигата и веќе има 16 голови на својата сметка што е најдобар личен рекорд.

ПретходноШтутгарт победи во Волфсбург и му „дише во врат“ на Баерн
СледноДиме Димов прогласен за играч на натпревар во бугарската Прва лига