Мулти Есенс им се врати на победите

94

Екипата на Мулти Есенс дојде до втората победа во плеј-аут лигата, откако на домашен терен го совлада вториот тим на Пелистер со 32-28 во меч од четвртото коло.

Костовски и Илиески со по седум гола беа најефикасни, зад нив беше Иваноски со шест погодоци, пет имаше Узунчев. На другата страна Мијушковиќ имаше шест гола, еден помалку запиша Хаџич.

По 1-3 за битолчани, домашниот тим со серија од 4-1 поведе со 5-4, а потоа полека успеа да го наметне своето темпо, водеше со 11-7, па 16-11 и 17-11. На другата страна гостите на одморот успеаја да намалат на 17-15.

Ова не беше доволно за да се извади од ритам домаќинот, кој поведе со 26-18. Оваа позитива беше доволна да мирен и рутински финиш.

ПретходноВМФЛ: Беса и Пелистер си газат, Детонит со пораз
СледноВо Бундеслигата го видовме најсмешниот автогол сезонава (ВИДЕО)