Напаѓач на Реал го менува државјанството и ќе игра за африканска репрезентација

2035

Напаѓачот на Реал Мадрид, Брахим Диаз (24), кој пред две недели му донесе триумф на својот тим во првиот меч од осминафиналето на ЛШ против Лајпциг, планира да се откаже од шпанскиот пасош и во иднина да настапува за друга репрезентација.

Диаз има настапи за младинската репрезентација на Шпанија, а има и еден настап за сениорскиот тим за кој има и гол, а од тогаш не може да избори место на списокот на шпанскиот селектор.

Мадридски „АС“ јавува дека Диаз одлучил во иднина да игра за Мароко. Неговиот татко е Мароканец, а мајка му Шпанка. Диаз е роден во Малага, а од претходно има пасош на оваа африканска држава.

Селекторот на Мароко, Валид Реграгуи го убедил младиот играч да игра за Мароко, па тој би го повикал за наредните мечеви доколку добие дозвола од ФИФА.

ПретходноКожув со важна победа, Охрид го изненади Еуро Никел, Чаир убедливо со Гостивар
СледноСопственикот на Нотингем влегол на теренот и ги нападнал судиите по поразот од Ливерпул