Неверојатната ноќ на Лука Дончиќ во Бостон заврши на најлош можен начин (ВИДЕО)

5999

Лука Дончиќ одигра уште одличен меч, но за жал не беше доволен за Далас. Маверикс беа совладани на гостувањето кај Селтикс со 138-110, а Словенецот зад своето име запиша трипл-дабл и остана осмиот кошаркар во историјата на НБА-лига, кој дошол до ваков учинок со над 30 поени.

Дончиќ го заврши натпреварот со 37 поени, 12 скока и 11 асистенции за 12-ти трипл-дабл сезонава. Тој е првиот кошаркар со повеќе од 30 поени и трипл-дабл бројки од 2016 година, кога истото го направи Расел Вестбрук. Неговите напори останаа без конечна награда.

Џејсон Тејтум го предводеше Бостон до победа. По мирната прва четвртина, во која единствените кошеви му беа слободните фрлања на 18 секунди до крајот, тој беше одличен во преостанатиот дел од натпреварот и го заврши натпреварот со 32 поени и осум скока.

Во десеттата последователна победа на Селтикси се истакнаа Џејлен Браун со 25 поени, седум скока и пет асистенции и Кристапс Порзингис, кој постигна 24 поени за својот поранешен тим.

На останатите средби Детроит беше поразен од Кливленд со 100-110, Филаделфија славеше против Шарлот со 121-114, Голден Стејт го победи Торонто со 120-105, Портланд беше убедлив на гости кај Мемфис (92-122), Сакраменто по продолжение ја совлада Минесота со 124-120, Њу Орлеанс беше убедливо подобар од Индијана со 129-102, Милвоки на гости славеше против Чикаго со 97-113, ЛА Клиперс запиша убедлив триумф против Вашингтон од 140-115.

ПретходноНов пораз на Црвена звезда, Армани потклекна пред „фенерџијата“
СледноТухел го најде виновникот за поразот, навивачите не можат да поверуваат!