Гилберт Аринас очигледно не сака кошаркари надвор од Соединетите Американски Држави. Ова може да се погоди од изјавата што ја даде во еден од подкастите.
Агентот Зеро е убеден дека НБА намерно спречила агресивна игра и ги ублажила правилата за кошаркарите од Европа да имаат можност да играат на големата сцена.
„НБА ја „укина“ агресивната кошарка за да се отвори во Евролигата. Кога почнаа да доаѓаат Европејците, лигата им беше претешка и прежестока. На крајот ги ублажија правилата за да се отворат кон странските играчи“м рече Аринас, додавајќи:
„Не ги ублажија правилата за Американците, туку само за оние кои доаѓаат од Европа. Што мислите, зошто велат дека Европејците ќе ја водат лигата за пет години? Уште тројки, додавања, тоа не е нашата лига, тоа не е американски стил, тоа е европскиот стил на игра“.
Тој продолжи да го „меле“ и критикува европскиот стил на кошарка. Тој го смета Мајк Д’Антони за еден од виновниците.
„Тоа е лига со три бода бидејќи тие го копираат европскиот стил на игра. Тие сакаат што повеќе од овие деца од Европа за да можат да го прошират бизнисот. Како НБА ќе стане глобален бренд ако лигата е физички премногу тешка за Европејците? Тие мораа да најдат начин да им дозволат да влезат во лигата. Воведоа повеќе шутирање за да можат таквите играчи да преживеат“, рече Аринас.
Оваа изјава на поранешната НБА ѕвезда секако ќе ги разгори страстите во најсилната кошаркарска лига во светот. Неговите зборови укажуваат дека му пречи доминацијата на Лука Дончиќ или Никола Јокиќ.
“The NBA took away aggression to open up the Euro league. When they first started getting here, it was too rough for them and they didn’t make it. So eventually they softened the rules to open up international.”
Gil explains why NBA style and physicality changed pic.twitter.com/ctbyni0bh6
— Gilbert Arenas (@GilsArenaShow) February 29, 2024