Претседателот на струмичка Брера, Горан Пандев, на вчерашното отворање на клупскиот фан-шоп пред новинарите зборуваше за досегашната работа и напредок на клубот, како и преостанатите цели на клубот.
„После неколку месеци отворивме фан-шоп, кој се надевам дека ќе биде поттик и за другите екипи во Македонија. Ова во светот е нормално, така треба да биде и кај нас. Се надеваме на добри резултати затоа што само така се подигнува и мотивацијата кај навивачите. Имавме многу проблеми во овој период, но со нови луѓе и многу работа во управата се трудиме клубот да го подигнеме на повисоко ниво. Имаме нов стручен штаб, млади тренери кои сакаат да направат врвна кариера, а и од Брера да направат добра екипа. Се надевам ќе бидеме на вистинско ниво во вториот дел од сезоната. Резултатите на првиот тим се најважниот дел за напредок. Со максимално залагање мислам дека ќе ги достигнеме целите. Сакаме во идните сезони да освоиме шампионска титула, тоа не го криеме тоа. И луѓето кои го водат клубот ги имаат истите цели. Обезбедуваме најдобри услови за работа на играчите и младинските категории кои се нашиот најголем бренд“, изјави Пандев.