Премиерлига: Ливерпул во 99. минута за победа во Нотингем, Тотенхем славеше со пресврт (ВИДЕО)

480

Со гол во 99. минута, Ливерпул уште еднаш ја продолжи победничката низа во Премиерлигата и остана на врвот на табелата, победувајќи го Нотингем Форест на гостинси терен со 0:1. Во меч во кој видовме по неколку убави шанси и на двете страни, се уште „десеткуваниот“ состав на Јирген Клоп успеа да покаже шампионски карактер и во последните секунди од мечот да извојува голема победа.

Во малото градско дерби на Лондон, Челзи поведе против Брентфорд во 35. минута преку Џексон , а домашните израмнија со голот на Расмусен во 50. минута. Брентфорд во 69. минута го сврте резултатот, а Дисаси со гол во 84. минута израмни на 2:2.

Њукасл за 33 минути игра го реши мечот со Вулверхемптон победувајќи со 3:0. Исак погоди за водство, а по него Гордон во 33. Минута удвои на 2:0. Ливраменто беше прецизен во 93. минута, за конечни 3:0.

На останатите попладневни дуели беа постигнати следните резултати: Евертон – Вест Хем 1:3, Фулам – Брајтон 3:0 и Тотенхем – Кристал Палас 3:1.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноСе по старо: Верстапен ја почна сезоната со убедлив триумф
СледноТен Хаг: Имаме големи проблеми во одбраната, повреден е и Мегваер