Работнички ги претстави новите засилувања Јузгенч, Робинсон и Трифуновска

245

Она што „СпортСпорт“ го најави минатата недела, денеска и официјално е потврдено. Женскиот одбојкарски првак на Македонија, екипата на Работнички официјално ги потврди трите нови засилувања за преостанатиот дел од актуелната сезона во која ќе се бори за одбрана на двојната круна во нашата женска одбојка.

Нови членови на најтрофејниот македонски одбојкарски колектив во женска конкуренција се Американката Ејнџел Робинсон, која доаѓа како засилување на блокерската позиција. 23-годишната Американка во Скопје доаѓа од Ксавиер Јуниверзити и за неа ова ќе биде прво итернационално искуство.

Нов коректор на тимот ќе биде Турчинката Џерен Јузгенч. 22-годишната Јузгенч во Скопје доаѓа од турскиот прволигаш Илбанк.

Третото засилување е Кариа Трифуновска, која во Работнички се сели од екипата на Јанта Волеј и ќе биде ново засилување на примачката позиција.

Во понеделник Работнички ќе го одигра големото дерби против Јанта Волеј во рамките на 3. коло од плеј-оф фазата во домашниот шампионат.

ПретходноКуп на Македонија (жени): МЗТ Скопје го брани пехарот!
СледноБрестовац стана „специјалист“ за непоразените, Ал Сафа завери финале во Купот!