Ракометарките заминаа за Шпанија, Грчевски без две искусни имиња на реваншот!

343

Македонската женска ракометна репрезентација рано наутро замина за Шпанија каде утре во Ланзароте ќе го одигра вториот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2024 година.

Предводникот на нашиот национален тим на реванш мечот нема да смета на три ракометарки. Кристијан Грчевски во Скопје ги остави Јована Саздовска и капитенот, Елена Ѓоргиевска, како и голманката Слободанка Кицеска. Од скратениот список ја нема ниту Сања Дабевска која се повреди на првиот тренинг.

Грчевски ова го најави по убедливиот пораз во Скопје, потенцираше дека шанса ќе добијат помладите ракометарки.

Македонија е на чекор до пласман на ЕП 2024 година, се наоѓа на второто место на табелата со четири бода, два помалку од Шпанија и два повеќе од Азербејџан. Има две победи и пораз, па својата потврда на билетот за место на ЕУРО ќе бара на последните квалификациски натпревари, против Азербејџан на гости и Литванија на домашен терен, противници кои нашите ракометарки ги совладаа на првите средби.

ПретходноЛуис Енрике го најави заминувањето на Мбапе!
СледноВМФЛ: Беса и Пелистер во атак на нови бодови, Детонит има тешко гостување