Рибери ќе биде тренер во Баерн (М)

336

Поранешниот француски репрезентативец Френк Рибери, кој најдолгиот период од кариерата го мина во Баерн Минхен, се враќа во клубот.

Французинот во германскиот клуб помина 12 години, а сега ќе стане тренер во баварскиот тим.

Рибери одлучил да влезе во тренерската работа и ќе се вработи во Академијата на Баерн, пренесуваат германските медиуми. Својата „работна книшка“ ќе ја добие од почетокот на следната сезона.

Тој освои 22 трофеи на „Алијанц Арената“, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2013 година.

ПретходноСопственикот на Нотингем влегол на теренот и ги нападнал судиите по поразот од Ливерпул
СледноФиорентина одигра реми во Торино, крај на неверојатна серија на тренерот Италијано