Рома се препороди со Де Роси – вечерва убедливо совладана Монца

109

Екипата на Рома славеше со 4:1 на гостувањето кај Монца и ја зајакна позицијата во трката по четвртото место на табелата во Серија А која води во ЛШ. Мечот почна со поништен гол на Кристанте поради офсајд на Дибала. Сепак, Рома имаше контрола на настаните, во 38 минута поведе со гол на Лоренцо Пелегрини, а веднаш по него погоди и Лукаку кој се врати по повредата.
Во 63. минута Пауло Дибала постигна прекрасен гол од слободен удар, а во 82 минута Лукас Паредес од пенал зголеми на 0:4. Домашните намалија преку Карбони во финишот.
Откако Де Роси седна на клупата, Рома бележи одлични резултати. Скорот им е 8 победи, едно реми и еден пораз. Загуби само од Интер.
Рома моментално е петтопласирана со 47 бода, бод помалку од четвртопласираната Болоња која има и меч помалку. Монца е на 11. позиција.

ПретходноДоријан Бабунски стрела за Грасхоперс
СледноМЗТ Скопје преку Вардарки до Куп финалето!